RSS
 

Bet365

Како да се обложувате на Bet365?

Bet365 е една од најголемите online обложувалници во светот. Откако ќе се регистрирате, на сметката на обложувалницата треба да уплатите пари. Минималната сума која што треба да ја уплатите е 5 EUR. Подоцна со тие 5 EUR можете да го започнете обложувањето.

Уплаќањето пари се прави на следниот начин, најпрво се логирате, потоа на горниот дел бирате Deposit, потоа одбирате начинот накој ќе го извршите плаќањето (дебитна/кредитна картичка, moneybookers…) и ги внесувате сите потребни податоци.



ОБЛОЖУВАЊЕ

Bet365 можеби има најголема понуда за обложување од сите online обложувалници, обложувањето не е премногу едноставно, но брзо ќе го совладате. На горниот дел се дадени три вида на прикажување на коефициентите, фракционен, американски и децимален. Одберете Decimal доколку сакате коефициентите да ви се прикажуваат како во нашите обложувалници.
На левата страна ви се наоѓа листата на спортови на кои можете да се обложувате. Откако ќе ги одберете саканите спортови и лиги, ќе ви бидат прикажани натпреварите. Со клик на коефициентот го бирате типот, основното обложување е 1Х2, доколку сакате да ја видите целосната понуда за натпреварот, кликате на бројката по коефициентите која ви покажува уште колку вида на обложубања имате за тој натпревар. Како што ги одбирате типовите, тие ви се прикажуваат во десната страна. Пример сте кликнале на два коефициента т.е. се истипувале два натпревари и сакате да ги сврзете на еден тикет. Кликате на Multiple Bet Option што се наоѓа веднаш под натпреварите кои сте ги типувале и во празното место до Doubles ја внесувате сумата која треба да ја уплатите и кликате на жолтото мени Place Bet, доколку сакате да типувате три натпревари на тикет, сумата ја внесувате кај Trebles, за четири кај 4 Folds итн. Минималната сума која можете да ја уплатите е 0,50 евра.

БОНУС

Bet365 ви дава 100% бонус на првата уплата. Пример се регистрирате и уплаќате сума од 10 или повеќе евра, Bet365 ќе ви даде уште толку колку што ќе уплатите. Максимум до 100 евра.

Откако ќе се регистрирате, Bet365 ќе ви испрати маил на кои ќе имате код со десет бројќи. За да го искористите бонусот, треба да го одберете менито Members менито кое се наоѓа горе десно, потоа одбирате Sports Offers, па Enter Offer Code го внесувате кодот и ќе ви се дуплира сумата која првично сте ја уплатиле. Можете да ја користите целата сума за обложување, сумата од бонусот заедно со основната сума треба да ја свртите три пати пред да побарате исплата. За подетални информации, кликнете овде.

ОБЛОЖУВАЊЕ ВО ЖИВО

Еден од најинтересните аспекти на online обложувањето е обложувањето во живо. Коефициентите се менуваат нон-стоп, во зависност од времето и моменталниот резултат. Натпреварите на кои во моментов можете да се обложувате во живо ви се дадени во средината на страната, доколку сакате да ја видите целата листа на натпревари за обложување во живо, кликнете на In-Play Diary. Го одбирате натпреварот не кој сакате да се обложувате и започнувате, ќе ви бидат дадени повеќе опции за обложување го бирате облогот кој го сакате, кога ќе го добиете, парите ви пристигнуваат веднаш, па можете зголемената сума повторно да ја вложите додека трае натпреварот. Online обложувањето е исклучително забавно, но и многу заразно.

ИСПЛАТА

За Bet365 да ви изврши исплата на пари, од Вашата банка треба да побарате да ви отворат IBAN (International Bank Account Number) сметка, кој обложувалницата ќе го искористи за да ви префрли пари. Парите ќе можете да си ги подигнете со истата картичка со која сте уплатиле.
За да направите исплата, одите во "Withdraw", и ги следите упатствата. Парите можете да побарате да ви пристигнат директно на вашата кредитна/дебитна картичка или преку Moneybookers.