Bet-at-home
Како да се обложувате во Bet-at-home?
Bet-at-home е една од поголемите online обложувалница која бележи брз раст и се поголем број на членови. Откако ќе се регистрирате, на вашата сметка за обложување треба да прфлите пари, а Bet-at-home не поставува ограничувања за тоа колкава сума на пари треба да префрлите и има само ограничувања на минималниот влог од 0,5 евра што можат да се уплатат на еден тикет.
Откако ќе се логирате на вашиот акаунт, во горниот дел ја избирате опцијата Deposit, потоа го одбирате начинот на кој ќе префрлите пари (дебитна/кредитна картичка, moneybookers, Paysafe card…) и ги внесувате сите потребни податоци.
ОБЛОЖУВАЊЕ
Обложувањето на Bet-at-home е прилично едноставно. На левата страна се наоѓа понудата на спортовите на кои можете да се обложувате. Со клик на саканите спортови и лиги ќе ви бидат прикажани натпреварите кои се на понудата. Со клик на коефициентот го бирате типот, односно обложувањето е 1Х2, а доколку сакате да ја видите целосната понуда од натпреварот, кликате на бројката што се наоѓа на крајот од колоната која ви покажува уште колку вида на обложување имате за тој натпревар. Како што ги одбирате вашите типови, тие се прикажуваат на десната страна.
БОНУС
Bet-at-home нуди бонус од 50% на првиот депозит, а максималната сума што може да се префрли како бонус е 22 евра. На пример, за прв депозит од 20 евра Bet-at-home на вашата сметка ќе ви префрли бонус од 10 евра, а доколку вашиот депозит ја надминува границата од 44 евра, вие ќе добиете само 22 евра бонус.
Откако ќе го направите првиот депозит, имате десет дена за да го подигнете својот бонус. Одите во менито Deposit/Withdrawal/Redeem bonus и во полето Bonus Code внесувате FIRST. Пред да се повлечат пари потребно е вашиот депозит заедно со бонусот да се сврти три пати и притоа коефицентот не треба да биде помал од 1,50.
ОБЛОЖУВАЊЕ ВО ЖИВО
Еден од најинтересните аспекти на online обложувањето е обложувањето во живо. Коефициентите се менуваат нон-стоп, во зависност од времето и моменталниот резултат. Од десната страна под вашиот тикет ја имате опцијата ’NOW LIVE’ каде што се дадени натпреварите на кои можете да се обложувате ви живо во моментот, а под него е и опцијата ’LIVE BETTING CALENDAR’ каде што е целосната програма за обложување во живо. Го бирате натпреварот на кој сакате да се обложувате, потоа го бирате облогот и ја ставате сумата која сакате да ја вложите. Доколку во меѓувреме има промена на коефициентот, уште еднаш ве прашуваат дали сакате да се обложите под новите услови. Доколку го погодите вашиот облог парите веднаш ви пристигнуваат на вашата сметка, па во следните влогови можете да ја вложите и сумата од претходната добивка.
ИСПЛАТА
Доколку сакате да повлечете пари од вашата сметка на Bet-at-home одите во менито Deposit/Withdrawal и одбирате Withdrawal, а потоа и начинот преку кој сакате да ви бидат префрлени парите. Доколку сакате тие да ви бидат префрлени на картичката преку која сте го направиле депозитот, потребно е од вашата банка да го побарате SWIFT кодот на банката од која што е вашата картичка (кодот ќе го побарате од Вашата банка, а истиот го има на сајтовите на банките, така што полесно е од таму да го видите) и IBAN бројот. Овие податоци потоа ги внесувате во означените полиња, ја внесувате и сумата (минимална сума е 100 евра) и со притискање на копчето Submit withdrawal ја комплетирате процедурата. Парите на вашата сметка ќе пристигнат од 2 до 7 работни дена. Исплата на пари исто така може да биде побарана и преку Мoneybookers.
