RSS
 

Како да се обложувате on-line?

За секоја од обложувалниците имаме посебно упатство како да се регистрирате и уплатите, така што овде само ќе нагласиме дека се што ви е потребно за да се обложувате online е кредитна или дебитна картичка од некоја Македонска банка. За да извадите Visa Elctron од НЛБ Тутунска банка, на пример, се што ви е потребно е да отидете во некоја од нивните експозитури и само со лична карта да извадите картичка за вас. Во било која друга банка процедурите за вадење дебитна картичка се исти или слични. Значи, потребно е само да сте над 18 години и да имате лична карта.



Откако ќе извадите дебитна или кредитна картичка, на самата картичка е напишан бројот на картичката кој ќе го користите за уплата на пари на сметка на обложувалницата. Потребно е да побарате од банката да Ви отворат IBAN (International Bank Account Number) сметка, која ќе го користите кога обложувалницата ќе треба на Вас да ви ја префрли добивката. Парите ќе Ви бидат префрлени на истата картичка со која сте уплатиле.

Мора да се нагласи дека доколку префрлате пари на сметката на обложувалницата, банката ви зема од 2% до 4%, во зависност од обложувалницата. Значи, доколку се решите да префрилите 10 EUR на сметка на обложувалницата, од вашата сметка ќе бидат повлечени 10.2 EUR доколку провизијата изнесува 2%.

Освен директно да префрлате пари од кредитна/дебитна картичка на сметка на обложувалницата, можете тоа да го сторите и преку MONEYBOOKERS, при што во тој случај ќе платите провизија само при префрлвањето на парите кај MoneyBookers. Провизијата во тој случај изнесува 1.9%. Регистрацијата е едноставна, парите се префрлаат на ист начин како кога би префрлале на сметка на обложувалницата, значи со пополнување на неколку полиња со информации.